Фактор: Работат во Македонија, примаат „гастарбајтерски“ плати

Вработените во М-НАВ компанија која го контролира македонското небо и понатаму се на врвот според месечнитепримања во Македонија.



Заради сложеноста на работата и стресот нивните плати се под европска директива, објавува Фактор.

Тоа за македонски стандард значи недостижни 4.300 евра бруто плата месечно и додатоци односно просечни 2.500 евра нето месечно без додатоци

Вработените (305) заради ова можат комотно да го носат епитетот гастарбајтери дома! 

М-НАВ лани остварила 21,13 милиони евра приход или за 53 отсто повеќе од претходната година кога заради пост корона-пандемијата прелетите беа помали од вообичаеното.

Враќањето на авиосообраќајот во нормала се одрази и на приходите на вработените во оваа државна фирма.

Во структурата на приходи таксите од прелети изнесуваат 18,67 милиони евра, терминалните услуги учествуваат со 2,3 милиони евра.

Од трошоците на компанијата најмногу одат за – платите. На нето плати друштвото лани потрошило 9,2 милиони евра.

Кај државата завршиле 5,4 милиони евра од придонеси и даноци. 

Вработените од М-НАВ наплатиле и 1,16 милиони евра за други лични примања. Значи , се на се, за вработените друштвото платило лани 15,8 милиони евра.