Најчевска до премиерот Ковачевски: Со 662 милиони евра, од парите на сите граѓани, купувате гласови за СДСМ!

„Во овoј момент и на ваков начин дадено на ова го гледам како на купување гласови за една партија од парите на сите граѓани!“ – изреагира остро во објавата на својот фејсбук-профил универзитетската професорка Мирјана Најчевска, откако премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата на денешната седница го усвоила деветтиот пакет антикризни мерки, „тежок“ 662 милиони евра, со 26 мерки за помош на компаниите и стопанството, учениците, пензионерите, граѓаните од ранливите категории, приватниот и јавниот сектор и земјоделците.

Ковачевски уште кажа: „Парите се обезбедени и се предвидени во предлог-Буџетот и нема да се земаат дополнителни кредити за спроведување на мерките тврдат од Владата. Мерките стапуваат на сила на први декември и траат од пет до седум месеци. Мерките стапуваат на сила на 1 декември 2023 и ќе траат меѓу пет и седум месеци во зависност од мерката и намената.“