„Никој не се осмелува да го гибне албанското знаме, бидејќи е измиено во крв!“ – кажа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, на денешната „свечена академија“, која ја организираше неговата партија во Скопје во рамки на одбележувањата на 28 Ноември денот на албанскот знаме и на прогласувањето на независната албанска држава.
Ова е „одговорот што му го дал Али Ахмети на еден висок македонски функционер, откако овој го прашал за националното знаме“ – објавија весникот „Лајм“ и другите медиуми на албански јазик во Македонија.





