Полицијата се уште трага по 14-годишната Вања

По 24 часа откако беше пријавено исчезнувањето на 14- годишната Вања нема се уште трага од неа. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери.
Од МВР соопштуваат и дека извршени се информативни разговори со лица блиски на малолетничката. До јавноста се апелира да биде внимателна и да не се шират дезинформации.



Веста за исчезнувањето на малолетното девојче со молба за помош до граѓаните ја објави нејзината мајка на социјалните медиуми, а претходно случајот го пријавила и во полиција откако била известена од класниот раководител дека деветтоодделенката тој ден не се појавила на часови во училиште.
Девојчето вчера било облечено во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат била видена во скопската населба Дебар Мало на пат кон Песталоци.