Отстранети се сите пречки за присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ на крајот од месецов во Скопје, откако Бугарија дозволи неговиот авион да ја прелета на пат за Македонија.
„Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров преку воздушниот простор на Бугарија. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално нè информираше дека нашиот министер може да лета во воздушниот простор на земјата“, потврди амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, за руската државна новинска агенција ТАСС.





