Шекеров: Македонија е бесмртна, запомнете го 28/11 како црн ден за македонската култура и уметност

Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, порачува уметникот Зоран Шекеров чие дело беше цензурирано од страна на Музејот на град Скопје затоа што ја отфрла Северна како место каде што може да има уметници.



,Почитувани пријатели, познаници, непријатели, и најважно доследни на основните човекови принципи како правото на слободно изразување. Цензурата од страна на Музеј На Град Скопје која ја најавив пред еден месец, во вторник(утре) официјално ќе се случи.

Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, ден кога се цензурираше уметникот во Македонија. Иако никого лично не повредувам во содржината на моето дело, истото беше забрането со манипулативни оправдувања од типот: ќе ги повредиш колегите во музеј, овака ќе направиш кога ќе се менува политиката, па дури и се впуштија во обид да прават корекција на делото.

Епа… тешко е да се зборува за оваа тема, но уште потешко е да се премолчи кога ти прават очигледна цензура! Испровоциран од пораките отидов во музејот да ги прашам вработените дали ги повредувам со делото кое го цензурираше т.н кураторка?

Одговорот на сите беше ова е срамота, ова е вукојебина, ова може да ти го прават само нечесни луѓе кои не си ја сакаат Македонија.

Е, сега, дали се слушаме кураторке?

Просторот кој од позиција на моќ го користите за да глумите авторитет нема да ви биде даден. Јас и сите граѓани на Република Македонија го плаќаме тој музеј. Немој да се криете, појавете се на дебата, бранете ги вашите будалаштини јавно, не од глувчешка дупка како што сте биле цел живот. Едно знам срамот ќе ве прогонува до крајот на животот. Нека му е со среќа изложбата на сите уметници. Македонија е бесмртна”, пишува Шекеров.

Тој денеска објави видео од герила акција

(ВИДЕО) ,,Герила акција” урна цензура за критика на северна, Шекеров крена револуција за спас на македонскиот уметник

На фотографиите:

Зоран Шекеров со неговото дело пред Музеј на Град Скопје

Уметничко дело, разговор помеѓу уметник и куратор

„Ние бараме човекови права“, Жена парк, 2018, фотограф Зоран Шекеров

#Уметност #фотографија #македонија #цензура #музејнаградскопје