Професорката Гордана Силјановска-Давкова вчера на емисијата „60 минути“ со Горан Момироски на ТВ Алфа во детали објасни зошто Законот за употреба на јазиците е противуставен и зошто тој не може да биде спроведен.
Експертот за уставно право и член на низа европски правни тела, која деновиве е систематски напаѓана од провладините медиуми и креатори на јавното мислење, вели дека тој што го пишувал законот сигурно е странец, бидејќи од текстот на законот се гледа дека не го познава македонското законодавство.
Во емисијата и за други поенти на Силјановска-Давкова за актуелните политички процеси во Македонија.





