Претседателот на Демократското движење Изет Меџити денеска изјави дека актуелната Влада има нула визија за економски развој.
Тој потсети дека тоа го покажува Извештајот на Светска банка за годината што ја оставаме зад нас, каде Македонија е на последното место во регионот.
Меџити рече дека Светска банка објави дека годинава најголем раст има Црна Гора со 4,8 отсто, Албанија 3,6 отсто и трето Косово со 3,2 отсто.
„Иднината е уште помрачна, каде што прогнозите, земајќи ги предвид параметрите на инфлацијата, економскиот развој на Македонија дополнително ќе оди во минус, а се очекува уште поголемо осиромашување. Како политичар и како албанска опозициска партија, уште потешко ни е да го „нашминкаме“ овој катастрофален економски резултат, кога сметаме дека целиот економски тим во владата е Албанец“, рече Мејхити, пишува порталот Телеграфи.
Тој нагласи и дека и за наредната година проекциите се дека Македонија ќе биде последна со економски развој во регионот.







