Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека следната влада која, според него , ќче ја води неговата партија, во рок од една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.
„И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите, потенцираше Мицкоски на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Мицкоски порача дека пензионерите го заслужуваат тоа.
„Наместо тие сега да ги чуваат внуците или да уживаат во своите пензионерски, заслужени денови, ги гледаме како премрзнати, гладни протестираат на плоштадите и низ улиците“, додаде Мицкоски.






