Израел објави дека доцна синоќа ослободила 39 палестински затвореници од израелските затвори во замена за 13 израелски заложници од Газа, објави „Times of Israel“.
Ослободените Палестинци живеат или на Западниот Брег или во Источен Ерусалим и ќе бидат вратени во своите домови. Тие биле судени за кривични дела, вклучително и обид за убиство, но ниту еден не беше суден за убиство.
Хамас доцна во синоќа сепак објави дека ослободува заложници. Осум деца и пет жени, како и седум странци се ослободени и сега се во Израел.
Ова стана возможно откако спорот околу испораката на помош во северниот дел на опколената енклава беше решен по посредство на Катар и Египет.
Хамас претходно го обвини Израел за прекршување на договорот и се закани дека го одложува ослободувањето на заложниците.







