Снег направи хаос на „Стража“

Вистински хаос се случува денеска на планинскиот превој Стража каде колони возила се заглавени поради снегот, објави Курир.



ЦУЈ информираше дека сообраќајот на превојот „Стража“ е во прекин излизгана цистерна за превоз на нафта кај „Тајмишка Раскрсница“.

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа како колони возила се заглавени на планинскиот превој Стража.

Граѓаните коментираат дека снегот повторно ги изненадил надлежните.

Забрана за движење АМСМ издаде од 13:00 часот на патениот правец Кичево-Стража. Од 12:40 на патниот правец Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово.

Забрана за движење од 12:45 има и на патениот правец Дебар – Маврово, истакна АМСМ.

и Патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег

Инаку забрана за движење без зимска опрема има и на патот кон Попова Шапка.