Се чека Бугарија или Грција да дозволат Лавров да стигне во Скопје

Министерот Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека се преговара со Бугарија и Грција да дозволат прелет на авионот со кој би допатувала руската делегација предводена од министерот Сергеј Лавров на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржина крајот на месецот во Скопје.



„Се преговара со Бугарија и Грција. Ако ние донесеме одлука, не гледам зошто да не прифатат, зошто одлуката на ЕУ е јасна, вели со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, други меѓународни организации, бидејќи Лавров беше во Њујорк, но во Обединетите нации, а не во САД.

И тука не доаѓа во Скопје ако дојде, доаѓа во ОБСЕ“, додаде министерот.

Тој кажа дека Лавров не доаѓа во посета на Македонија, туку доаѓа во земјата-домаќин на ОБСЕ, во организацијата во која и Русија е членка.

Блинкен и Лавров ќе седнат на иста маса и тоа во Скопје

Османи кажа дека на 28 ноември се очекува да почне пристигнувањето на учесниците на Министерскиот совет, а за 29 ноември е предвидена нефорамалната вечера со најголемиот број министри.

„За неформалната вечера го очекуваме државниот секретар Блинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров“,  тоа сега не можам да кажам“, рече Османи.