Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.
Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус, дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено, пренесе МИА.
Како што истакна Османи на брифинг со новинарите, во ДУИ уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши во почетокот на декември.
За ставот на Мицкоски да се напушти концептот на техничка влада, Османи вели дека има само една цел, да продолжи кампањата да се заснова на албанофобија, еурофобија, бугарофобија. . .
Околу тоа кој би ја предводел техничката влада Османи вели:
Бидејќи тој (Мицкоски) ја наметна таа тема, на премиер Албанец, мислам дека тука ова прашање нема простор да се дискутира, бидејќи е договорена за тоа потврди и премиерот…







