Вељановски: Техничка влада е глупост

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во четвртокот изјави дека е подготвен да ја избрише техничката влада и да го укине правилото за поставување премиер Албанец 100 дена пред изборите, на Фејсбук утрово реагираше поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.



„Пржинска влада е најголемата глупост што ѝ се случила на Република Македонија. Авторите на пржинската влада гледам дека се големите демократи и продаваат демократија и демагогија во еден дневен печат“.

Мицкоски бара политички партии наскоро да седнат на маса и да се договорат за бришење на техничката влада, која, според него, веќе нема ефект.

На ова, етничките албанските политичари поставија услов:

„Ќе прифатиме бришење на техничката влада само во пакет со изгласување на уставните измени“.