Во Македонија постојат брендови кои се малку познати во земјава а се почитуваат како врвни производи на различни светски дестинации.
Еден од тие брендови е македонското вино ,,Марков манастир” што се пие со ,,Пекингшка патка” во Хонг Конг.

Македонски бизнисмени кои имаат контакт со со тој дел од светот откриваат дека во неколку врвни ресторани во далечната и луксузна дестинација на Далечниот исток Хонг Конг ова македонско вино се консумира со познатиот рецепт ,,Пекингшка патка”.
Виното ,,Марков манастир” го произведува скопската винарија Сковин која од пред 4 години е сопственост на инвестициски фонд од Сингапур.
Дака не се работи за случаен избор на рестораните во Хонг Конг ка се се служи со ,,Пекингшка патка” покажува наградата што виното е победник на 28. Меѓународен вински натпревар “Мундус Вини” кој во 2021 година се одржа во Германија.
Таму во исклучително силна конкуренција, врвниот и уникатен вкус на „Марков Манастир“ биле пресудни за стручното жири да го додели златниот медал на Винарија Сковин Група.
Ова вино е дел од премиум понудата на компанијата, а е добиено од селектирано грозје од сортата Вранец, од сопствените насади на Винарија Сковин, во локалитет Маркова Река. Награденото вино е од бербата во 2011 година и се смета за прво македонско суво црвено вино, најчесто опишано како моќно, врвно и незаменилво.

„Мундус Вини” е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари. Виното „Марков манастир” го добило златниот медал во конкуренција на повеќе од 10 000 вина на производители од целиот свет, со преку 50 земји учеснички. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од 150 висококвалификувани судии-енолози, вински аналитчари, трговци на вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.
Виното ,,Марков манастир” е една од најубавите модерни вински приказни кои се повеќе почитувани во светот отколку во Македонија.
За жал ова моќно вино кое е и логистички и финансиски достапно и за граѓаните на Македонија и регионот не доволно познато за љубителите на виното во земјава.
Пишува:
Горан Момироски






