Студено со дожд, а наместа и снег

Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.



На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.

Минималните утрински температури ќе се движат од –3 степени во Mаврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.

Температурата ќе се движи од 6 до 7 степени.

Утре наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот студено со мала облачност.

Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од -6 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од – 2 степени до 7 степени.

Во понеделник температурата некаде ќе се спушти дури и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени..