Од Петровска (ли) зависи дали Лавров ќе дојде во Скопје?

Министерката за одбрана Славјанка Петровска била воздржана за вчерашната одлука на Владата со која се дозволува прелет и слетување на руски државен над и во земјава за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, дознава „360 степени“.



Блинкен и Лавров ќе седнат на иста маса и тоа – во Скопје

По одлуката на Владата, Министерството за обрана, со кое раководи Петровска, заедно со Министерството за надворешни работи се надлежните министерства кои треба да издадат одобрение за слетување на воздухопловот на Руската Федерација, со кој се очекува да допатува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со своја делегација на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември.

Министерката за одбрана не сака Русин да дојде во Македонија

Дека Петровска се изјаснила „воздржано“, за „360 степени“ потврдиле од Министерството за обрана.

 „Да, министерката беше присутна на седницата и гласаше воздржано во врска со предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за рестриктивни мерки.

Кога ќе биде доставено официјално барање од МНР, согласно процедурите, Министерството за одбрана ќе го извести МНР соодветно, притоа имајќи ги предвид донесените политички одлуки и ставови во државата”, изјавиле од МО за поралот.

Од одговорот на Министерството за одбрана останува нејасно дали дека МО ќе даде согласност за слетување на авионот на Лавров, ако дојде до таква ситуација, или – не, пишува „360 степени“.

Одобренијата за прелет и слетување на рускиот воздухолов, како што соопштија од Владата, ќе треба да ги донесат министерствата за надворешни работи и за одбрана, соопштија од Владата за 360 степени.