„Билд“: САДи Германија имаат намера да го принудат Зеленски да преговара со Русија

German Chancellor Olaf Scholz (R) gestures next to US President Joe Biden (L) as NATO Secretary General Jens Stoltenberg (background) looks on during a meeting of the G7 group of advanced economies and the European Union and an extraordinary NATO summit at the NATO headquarters in Brussels on March 24, 2022.,Image: 672825245, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Michael Kappeler / AFP / Profimedia

Америка и Германија имаат намера да ја принудат Украина да започне преговори со Русија, пишува германскиот весник „Билд“.



Како што се наведува, „германско-американскиот план се состои во доставување до Киев такво оружје и во толкави количини што ќе и овозможи на украинската армија да го брани сегашниот фронт, но да не може да ги врати териториите“, односно да може само се брани, но не и да напаѓа.

Самиот украински претседател Володимир Зеленски треба да сфати дека ова повеќе не може да продолжи вака.

Имено, САД и Германија сакаат Зеленски да разбере дека продолжувањето на конфликтот губи секаква смисла. Во исто време, ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, ниту американскиот претседател Џозеф Бајден немаат намера директно да побараат од украинскиот лидер да иницира преговори.

Весникот наведува дека ситуацијата на фронтот за Украина станува „мрачна“, бидејќи „руските сили, иако бавно, сепак напредуваат“.

Се нагласува дека главна цел на германската влада во моментов е да им помогне на властите во Киев да заземат „стратешки поволна преговарачка позиција“, а Белата куќа и кабинетот на германската канцеларка ги „координираат своите дејствија по ова прашање“.

Весникот наведува дека и САД и Германија имаат план Б.

„Она што Берлин и Вашингтон го сакаат како алтернатива на преговорите е замрзнување на конфликтот без договор меѓу учесниците во него и во тој случај сегашната линија за контакт би станала „еден вид нова граница“ меѓу Украина и Русија.

Русија постојано ја изразуваше својата подготвеност за преговори, но властите во Киев со закон ги забранија преговорите со Москва. Кремљ нагласи дека нема предуслови ситуацијата да се смири, додека постигнувањето на целите на специјалната воена операција останува апсолутен приоритет на Русија.