СДК: Арсовска пак бара да се врати споменикот на „Ќосето“

Враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето, кој беше поставен пред комплексот судови за време на владеењето на ВМРО=ДПМНЕ, а го отстрани ексградоначалникот Петре Шилегов, по втор пат побара градоначалничката Данела Арсовска.



Споменикот на Ќосето беше дива градба, вели Шилегов

На барање Арсовска, на седница на Советот што ќе се одржи в понеделник, оваа точка пак е на дневен ред.

Како и претходниот пат, и сега се предлага наместо пред комплексот судови споменикот да биде поставен на нова локација, до кружниот тек на булевар Александар Македонски кај хотелот „Континентал“, дознава порталот СакамДаКажам

.