По „сторијата“ на „360 степени“ за изигрување со законите на територијата на Општина Шаир, кое трае со години, Обвинителството отвори предмет за спорните легализации на дивоградби.



Постапката се отвора по допрен глас, односно по откритијата на „360 степени“ кои недвосмислено покажа дека објекти изградени во последниве неколку години биле легализирани како да се изградени најдоцна до март 2011 година.

Има примери кога, апсурдно, барањето за легализација е поднесени уште пред да почне да се гради објектот за кој се бара легализацијата…

Легализацијата не била законски можна бидејќи првиот услов за еден објект да се легализира е да бил градежна и функционална целина пред 3 март 2011 година.

„360 степени“ откри најмалку 20 легализирани и тоа само големи станбени објекти кои не биле ниту почнати да се градат на почетокот на 2011 година.

ПОВЕЌЕ