Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека постоеле законски пречки оради шпто не можеле на да се намалат платиоте на функционерите кои пролетва беа зголкемени за дури 78%.
Ковачевски: Нема намалување на функционерските плати
Во Македонија може да се ослободат од издржување казна затвор убијци и измамници и оние кои проневериле пари на граѓаните од позиција на власт.
Може да се стане јавен обвинител без завршен факултет. Може да се донесе закон спротивен на ЕУ вредностите под европско знаме.
Може да се осудат новинари затоа што пишувале анализи. Може да се осуди пратеник затоа што зборувал од собраниска говорница.
Може да се донесе Деловник со кој им се забранува на пратениците да расправаат“, набројува Најчевска и додава:
„Само не може да се донесе закон со кој ќе се намалат платите на функционерите.
Е навистина е време да добиеме премиер со интелигенција повисока од собна температура.
Навистина заслужуваме подобро“, вели Најчевска.






