Девет високи членови вчера објавија дека ја напуштаат СИРИЗА откако одбиле да го прифатат изборот на Стефанос Каселакис за нов лидер, објави „Катимерини“
Второто одвојување од СИРИЗА за речиси две недели предизвика, очекувано, поголема врева од првата, бидејќи главната опозициска партија е вовлечена во најтешката фаза од својата историја.
Фракцијата предводена од поранешната министерка за труд Ефи Ахциоглу, позната како „6+6“, во четвртокот го објави своето заминување од СИРИЗА, дополнително ослабувајќи ја левичарската партија сега под водство на новодојдениот Стефанос Каселакис.
Во 57-те членови на фракцијата има девет пратеници.
Партијата беше предводена од Алексис Ципрас цели 15 години.
Според деловникот на парламентот, нова пратеничка група може да се формира кога пратениците кои ја напуштија СИРИЗА ќе го достигнат потребниот број од 10 пратеници.
Независните пратеници на партијата сега се 11 и се очекува да формираат пратеничка група со најверојатниот претседател Алексис Харицис.
Тие имаат намера првпат да се појават на собраниската расправа за буџетот на 14-16 декември.






