Мицкоски подготвен за избори без техничка влада: Не треба да има премиер од ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да оди на избори без да се формира техничка влада.



Тој во интервју за Канал 5 се согласува да се избрише делот од Изборниот законик донесен со Договорот од Пржино каде беше воведен системот на техничка влада.

Според него не треба да има премиер од ДУИ во последните 100 дена пред изборите како што е договорот меѓу СДСМ и ДУИ.

Мицкоски нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник затоа што народот врие и ќе ја казни оваа власт.

Според лидерот на опозицијата во Македонија има огромна колицичина на црнила, скандали и афери поради што луѓето се селат и губат мотив и затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе понуди решенија и нова иднина за земјата.

Во врска со радикалните изјави за употреба на албанската химна тој вели дека е нормално во Македонија да се интонира македонската химна.

Според него кога станува збор за етничките односи ДУИ треба да е повеќе загрижена затоа што албанците се селат како и македонците.

Целото интервју на овој линк

https://fb.watch/ovlwNKy1mk/