На инцидентот што денеска се случи во Европскиот парламент во Стразбур му претходеше говор на македонската пратеничка Иванка Василевска.
Во нејзиното обраќање, Василевска која е универзитетска професорка, укажа на низа историски и реални ситуации поради кои се случи нападот од бугарскиот радикал во салата на Европарламентот.

Инцидентот се случи на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонското Собрание и Европскиот парламент.
Два дена трае парламентарната сесија на која вчера збореше Жаклина Пешевска за основни права, владеење на правото: борба против корупцијата.
Денеска Професор Василевска беше известител за Медиуми и граѓанско општество.
На 22 состанок на МПК, Македонија добила силна поддршка од европратениците но македонските претставници беа и жестоко нападнати од бугарските европратеници Џамбаски и Јорданов.
Во видеото е целиот говор на пратеничката Иванка Василевска во Европарламентот по кој Џамбаски ги прогласи македонските претставници за фашисти иако тој самиот предходно е осуден за промоција на фашизмот во европскиот законодавен дом.
Повеќе детали за инцидентот





