Скандал: Македонски министер промовира активности на туѓа држава

На неколку денови пред завршната конференција на ОБСЕ во Македонија на македонски министер му се случува скандал во кој промовира активности на туѓа држава.



Министерот за надворешни работи Бујар Османи од официјален Фејсбук профил на министер на Република Македонија пренесува активности на туѓа држава.

Османи преку својот државен профил го пренесувал видеото во живо од ,,Третиот самит на дијаспора на Албанија”, што е спротивно на правилата на МНР и дипломатијата генерално?

Османи никогаш предходно не пренесувал активности на Грција, Србија, Бугарија или некоја друга држава.

Да биде ситуацијата уште потрагична Османи нема направено самит или друга активност за македонската дијаспора но затоа е многу активен на промоција на туѓи самити.