Потребни ми се уште сто евра, и се надевам дека хуманите луѓе ќе ми помогнат во оваа мачна ситуација, изјави за ,,Фокус” Марија Шиниковска, самохрана мајка од Охрид по апелот за помош од 300 евра, потребни за да ги однесе децата во Скопје на лекарски прегледи.



Во текот на вчерашниот ден биле собрани 200 евра…

Нејзините две деца се соочуваат со тешки здравствени состојби, ќерката на возраст од девет години имала церебрална парализа, но и тешко искривување на ‘рбет, а пак синот на возраст од пет години имал аутизам, и се уште не зборувал.

Сите кои се во можност да и помогнат, можат да донираат на нејзината жиро сметка на име Марија Шиниковска, Тутунска банка 210 501768421405 или пак да ја побараат на телефонскиот број 076 605 116. Фокус

Фото „Фокус“