Порака од врвот на АА до ДУИ – Фетаи: Владата не е ваша сопственост! – Таравари ви ги замрси конците!

„Владата не е сопственост на ДУИ. Арбен Таравари започна да одржува хигиенска оддалеченост од ДУИ и им ги замрси конците. Тој ја отфрли нивната амнестија за дваесетгодишниот криминал!“ – ова е жестоката порака, која им е упатена на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ од врвот на Алијансата за Албанците, од Арбен Фетаи, високиот функционер во АА и шеф на кабинетот на нејзиниот лидер Арбен Таравари.



Во објавата на својот фејсбук-профил Фетаи пишува: Таравари им ги помрси конците.За првпат еден претседател на партија, која е дел на Владата, покажува стоицизам и доследност кон членството, гласачите, кон себеси и семејството, одржувајќи хигиенска дистанца од ДУИ и отфрлајќи ја нивната амнестија за 20-годишниот криминал.

Влегувањето на Алијансата за Албанците во Влада, со или без право, мнозинството го оцени како императив на моментот, како нужно зло. Но, Владата не е сопственост на ДУИ. На Алијансата за Албанците нема да ѝ е случи ДУИ-зација, бидејќи го има Арбен Таравари како лидер.