„Албанците се државотворен народ и втор народ во * Македонија. Тие се народ, кој може да ја стабилизира, или да ја дестабилизира државата. Потребно е и * Македонија да се стави под меѓународен протекторат, под набљудување од некого, кој е поразвиен, бидејќи таа нема капацитети и ресурси да се развива самата како држава, самата да се организира.“ – изјави лидерот на владината партија Алијанса за Албанците во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Ова го пренесува информативнатаагенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во својата изјава, која е објавена на фејсбук-профилот на Алијансата за Албанците, Таравари изнесува: „Кажувам со целосна одговорност: земјите од Западниот Балкан немаат капацитети и свои ресурси да ги развиваат своите држави. Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина немаат такви свои капацитети. Нам ни беше дадена шанса 32 години самите да се организираме. Ние имаме потреба од еден вид протекторат, набљудување од некого, кој е поразвиен. Меѓу земјите од Западниот Балкан најголема доверба во институциите на државата е во Косово во споредба со сите овие споменати држави, бидејќи Косово се наоѓа под повеќегодишен протекторат, кој ги воспостави темелите на функционирањето на системот.“
Паѓа во очи што Таравари се става во „погон“ само по нецели 24 часа откако Елис Хоџа, идеологот на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) се огласи со директна поддршка за албанската опозиција наспроти ДУИ како партија на режимот, во кој Албанците не постојат како народ“, упатувајќи и повик до „Албанците да ѝ бидат спротивставени на државата, која ги угнетува“. Обвие ставови претставуваа репрезентирање на официјалната политика на меѓународниот протекторат Косово и негово директно мешање во внатрешните работи на една макар и релативно суверена држава – Македонија.
Поодделно преку Хоџа владејачката косовска партија Ветвендосје и нејзиниот лидер Албин Курти, инаку и премиер на Косово, ја повикаа Алијансата за Албанците да ѝ се придружи на обединетата албанска опозиција, на „Европскиот сојуз за промени“. Денес низ медиумите на албански јазик веќе циркулираат информации пораки дека Ветвендосје како партија од Косово ќе ја прошири својата политичка активност и во Македонија, заради учество на претстојните парламентарни избори и преземање на власта во Македонија, или за учествување во неа.





