Минка Веизовска, пациентка од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од истата Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија, почина, објави „Слободен печат“.
Пред само два дена се одржа рочиште за случајот за пријавата за поткуп кон аптеркарот, ама Веизовска не била присутна поради влошување на нејзината здравствена состојба.
На почетокот на судскиот спор таа даде исказ и во него кажа дека аптекарот ѝ барал поткуп, а во спротивно ѝ се заканувал дека терапијата за неа ќе ја нема и ќе му биде дадена на друг пациент. Во својот исказ таа спомена повеќе вработени на клиниката.
И покрај смртта на Веизовска, процесот против аптекарот ќе продолжи…






