Ванковска го исмеа „пријателството“ на „месијата“ Заев

Универзитетската професорка Билјана Ванковска реагира со иронија, но и со гнев по најавата од Давос по средбата на македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас дека, покрај аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, ќе биде преименуван и автопатот „Александар Македонски“, и тоа во „Пријателство“.



„Тој тебе со иредентизам и erga omnes, ти него со ‘Пријателство’! Што ти е христијанин! Месија!“, напиша Ванковска на својот профил на „Фејсбук“.

Во дебатата што се разви под овој пост на нејзиниот ѕид таа ќе додаде „Гневна сум! Мизерија!“, потоа и „Мојот гнев е кон Црпнатиот Месија, не кон Ципрас, кој одлично си ги брани националните интереси“.

„А ‘Пријателство’ е исто како ‘Братство единство’?“, пак, ќе напише професорката претходно, алудирајќи на името на автопатот во СФР Југославија.