По информациите дека ММФ препорачува да се интервенира во третиот и четвртиот тарифен блок за плаќање на струка, претседателот на РКЕ Бислимоски ја исклучува оваа опција и тврди дека реформата дава резултати, оние што трошат помалку – плаќаат помалку.
„Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16%. Дури и тоа што беше потопла зимата им удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена.”- рече Бислимовски за Слободен печат.
Да потсетиме потрошувачите на електрична енергија се поделени во четири блока. Најскапа струја плаќаат оние кои трошат повеќе од 1 050 kWh електрична енергија во скапа тарифа.
прв тарифен блок: од 0 до 210 kWh;
втор тарифен блок: од 210 kWh до 630 kWh;
трет тарифен блок: од 630 kWh до 1 050 kWh;
четврт тарифен блок: над 1 050 kWh.







