Универзална заглави во државните лавиринти. Градоначалничката Арсовска се уште не ставила потпис за да може Министерството за култура да ја преземе надлежноста за реконструкција. Министерката за култура изјави дека тие неколкупати со ургенции се обратиле до Советот на Град Скопје, неговиот претседател Трајко Славески, до градската администрација и до самата градоначалничка Арсовска за да се забрза целата постапка бидејќи понатаму следуваат уште неколку чекори кои треба да ги направи Министерството за култура за правото на реконструкција на објектот да биде пренесено на него
реконструкцијата
„Универзална сала сè уште е на Град Скопје затоа што по изгласувањето на одлуката на Советот на Град Скопје, пред околу два и пол месеци, таа сè уште не е формално потпишана од градоначалничката Данела Арсовска. Тоа значи дека Универзална сала е сè уште под надлежност на Град Скопје“,
изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по средбата со Здружението и културно-уметничко друштво во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров, на која присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Прашана дали е точно дека доколку не почне реконструкцијата на Универзална сала постои ризик Скопје да ја загуби титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, Костадиновска Стојчевска рече дека едното со другото не е поврзано.
„Точно е дека носител е Универзална сала, како национална установа, меѓутоа процесот на којшто се заснова ‘Европска престолнина на културата’ не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала. Напротив, тој е поврзан со тоа како ќе работи сега тоа административно тело коешто треба да се формира, односно носителот на проектот што е определен од Град Скопје да ги започне административните доекипирања на креативниот тим којшто ќе треба да ја спроведе оваа апликација до крај“, изјави министерката.






