Откако ќе се намалат субвенциите за струјата, за колку ќе поскапат сметките?!

Владата планира да го прошири тарифниот блок три за корисниците на електрична енергија. Тоа значи дека, дел од домаќинствата кои трошат нешто под 1.000 киловатчасови електрична енергија ќе имаат повисоки сметки за струја, пишува 24 вести. Трошоците за електрична енергија ќе им бидат слични како на оние домаќинства  кои досега според потрошувачката беа во четвртиот односно најскапиот тарифен блок. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи потврди дека се работи на барањата на Меѓународниот монетарен фонд.



Тарифни блокови (за инсертирање)

I ТАРИФЕН БЛОК ОД 1 ДО 210 Kwh

II ТАРИФЕН БЛОК ОД 210 ДО 630 Kwh

III ТАРИФЕН БЛОК  ОД 631 ДО 1050 KWh

IV ТАРИФЕН БЛОК  ПОВЕЌЕ ОД 1050 KWh 

Ќе го прошириме тарифниот блок три, најверојатно и тарифниот блок четири со што опфатот да биде поголем, за тие што трошат повеќе. А за најранливите категории на граѓани, за луѓето кои што штедат вистински електрична енергија да останат ист тарифен модел и цената на електричната енергија или евентуалната промена на цената да не падне на товар на тие што се во првиот или вториот блок“, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија.

Од Меѓународниот монетарен фонд на владата и порачаа да ги намали субвенциите за електрична енергија, бидејќи на долг рок за државните енергетски компании е неиздржливо. 

Од Регулаторната комисија за енергетика се на став дека засега е рано да се прават било какви пресметки, во однос на зголемувањето на цената на струјата за граѓаните од идната година. Во периодот што следи регулаторот треба да пресмета што ќе значи  во сметките на домаќинствата тоа што државата ќе субвенционира 60 отсто од цената која државната ЕСМ ја продава на Универзалниот снабдувач, односно ЕВН Хоум.

Досега државниот удел во цената изнесуваше 80 отсто. А владата дваесетина дена чека одговор од Европската унија, но и од официјална Софија за воведената такса за руски гас. Тие наметнати трошоци од Бугарија дополнително прават притисок врз крајната цена на струјата за домаќинствата.