СДСМ на чело со Зоран Заев му нудела на пратеникот на Левица, Борислав Крмов 500.000 евра за да премине во владејачката коалиција, открива пратеникот во вчерашното гостување во емисија на социјалните мрежи.

– Почнаа од 100.000 евра, завршија со 500.000 евра. Зоран Заев нели ќе окрупнуваше коалицијата, они и претходно така купувале и проба и нас да не купи, ама погрешно проценил – рече Крмов.
Понудата била дадена од поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во периодот кога тој имаше најава за окрупнување на мнозинството. Пратеникот Крмов додаде дека ова било пракса и претходно, а тврди дека не единствениот кој добивал вакви понуди.





