Владејачкото мнозинство и опозицијата се далеку од заеднички заклучоци околу случајот на Клиниката за онкологија. Тензично и на денешната седница на Анкетата комисија откако власта на пленарна седница го одби барањето на ВМРО ДПМНЕ за продолживме на работата на ова собраниско тело.
Од СДСМ велат дека не може да се каже оти екс-министерот за здравство Венко Филипче носи политичка одговорност како што тоа го сугерираа дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои најгласен беше Антонио Милошоски. Милошоски пак тврди дека Филипче мора да сноси одговорност.





