Ципрас најави решение за името: Ерга омнес, аеродромот преименуван

По средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер во Давос Алексис Ципрас објави дека двете страни се при крај на преговорите за името.
Според него Грција не се откажува од Ерга Омнес формулата и со тоа менување на уставот.



“Балканот помина многу поради национализмот. Потребно е да има агенда на соработка и развој. Би сакале да се направи исчекор напред за обезбедување стабилност. Ова е позицијата на Грција, како сила на стабилност на Балканот и затоа одиме напред кон изнаоѓање решенија. Денеска знам дека многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам некои со надеж и сакам да им покажам дека и двајцата сакаме да ги решиме работите со прагматизам и одговорност. Го кажувам тоа бидејќи не само што сакаме да го решиме спорот, туку и сакаме односите да ги поставиме на меѓусебно почитување. И затоа прво треба да се избориме против иредентизмот. Зоран ме информираше дека е подготвен да подготвен да преземе иницијативи. Од моја страна изјавувам дека ќе ги подржам иницијативите. Мора да најдеме решение на сите наши отворени прашања. Но, морам да нагласам дека мораме да најдеме ерга омнес и во оваа рамка се согласуваме дека прегоровачкиот процес се приближува кон крајот. Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на премиерот”, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Дел од медиумите јавуваат дека Заев му ветил на Ципрас дека ќе го смени името на Аеродромот Александар Велики.