Со палење на српски знамиња албански навивачи порачаа: „Ве чекаме“ (ВИДЕО)

За време на синоќешната прослава за пласманот на својата фудбалска репрезентација на ЕП 2024 во Германија, албански навивачи палеа српски знамиња и преку социјалните мрежи испратија порака до српската репрезентација.



„Ве чекаме“ се вели во пораката на „Х“, до српските фудбалери со кои можат да играат на претстојното Европско првенство.

Србија и Албанија можат да се сретнат во групната фаза на ЕУРО2024, бидејќи за ждрепката со која ќе бидат одредени групите за  ЕП, Албанија е вториот, а Србија во четвртиот „шешир“.