Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Москва сè уште сака да го отстрани од власта. Една од руските мисии е планирана за крајот на 2023 година.
„Операцијата се нарекува „Мајдан-3“, таа има за цел да го смени претседателот. Можеби не преку атентат. Тие ќе ги користат сите инструменти што ги имаат“, рече претседателот.
Претседателот рече дека престанал да ги брои обидите за атентат врз него од почетокот на војната.
Зеленски вели дека имало најмалку „пет или шест“ заговори за негово убиство кои биле спречени од страна на украинските разузнавачки служби.
„Првиот заговор предизвика паника – како првата епидемија на Ковид. Но, после тоа не беа толку лоши“, рече Зеленскин за „The sun“.
На прашањето дали Украина ќе ја искористи приликата да го убие Путин, ако и се даде шанса, Зеленски рече:
„Ова е војна и Украина има целосно право да ја брани својата земја“.
Во неодамнешното интервју за Блумберг, претседателот рече дека украинските разузнавачи и странските партнери добиле информации за рускиот план „Мајдан 3“.
Според овие податоци, окупаторите ќе се обидат да посеат раздор во украинското општество и да направат „хаос“ во земјата, со цел да ја дестабилизираат.






