Ексклузивно: Во Скопје доаѓа израелскиот министер за надворешни работи

Expres.mk од дипломатски извори ексклузивно дознава дека во Скопје доаѓа израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен.



Шефот на израелската дипломатија и член на политичко-безбедносниот кабинет на владата во Тел Авив Ели Коен доаѓа да учествува на годишната конференција на ОБСЕ која се одржува во Скопје.

Коен кој е еден од најнапаѓаните светски дипломати по почетокот на војната меѓу Хамас и Израел во Скопје доаѓа без најава од македонските власти.

Досега во јавноста се анализираше дали во Скопје ќе дојде рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров но владата од непознати причини немаше најава дека во Македонија доаѓа и блискиот соработник на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

Деталите за доаѓањето на Коен во Скопје се уште се непознати што е вообичаено сончоглед на безбедносните околности во кој патува шефот на дипломатијата на државата Израел.