Ковачевски и Спасовски поканети да кренат неподвижен пензионер од 4 кат за вадење лична карта

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се поканети да кренат неподвижен пензионер од 4 кат за вадење лична карта.



Полната до луѓето кои направија карма каша со промена на личните документи кои се уште важат и кои граѓаните ќе ги плаќаат двојно ако сакаат да продолжат да земаат пензија доаѓа од актерот и писател Сашо Тасевски.

Пензионерот кој е неподвижен мора да се симне од четврти кат во Града за да извади нова лична карта за да може да ја зема малата пензија.

,,Ќе дојдете да симнеме еден неподвижен човек четири ката?
Тебе те прашувам Таче. Тебе и Обиџуко. Ти Таче си добар у бицепсите, ќе бидеш од корист првпат у живот. А Обиџуко исто може. Селско дете е. Да го кренеме чоеков има 80 години ама тежок е, 1.90 висок. Да го носиме за нова северна лична карта. Оти старата му е извадена пред две години кога сам можел да оди.

Сега не може. А мора северна лична да има, за да земе пензија.
Шо направивте со личните карти и пасошите бе коњи шталски?

Зошто бе?

Па уште од големата пензија да плаќа за нова лична карта.

Комшија пасошот му важи до 2028 мора сега да вади нов и да се опрчи 50 евра.
Уште колку има ко него.
Каде го има ова бе?
Дека идентитетот го договоривме бетон.
Грците со прст не мрднаа. Едни патокази не сменија. Уште сме Скопија на патоказите, ретардирани едни.
Ко сега со Бугарите што се договарате изроди.
Таче, сељачино барем организирајте одење по дома за неподвижни стари луѓе, за нови лични карти, барем тоа, кога за се друго сте неспособни.
И дојдете утре со Обиџуко да го симнеме таткото на другаров четири ката. Па после и да го качиме”, пишува револтираниот Тасевски.