Една од водечките македонски музичарки Адријана Јаневска со својот докторат удри научен клин во бугарската антимакедонска пропаганда која официјална Софија ја води меѓу Македонците во Албанија.
Јаневска која е професорка на Факултетот за музички уметности од денес е доктор на науки со докторат кој целосно ги урива бугарските пропаганди.
,,Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков”.
Голема благодароност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов. Секако, најголема благодарност и’ должам на проф. д-р Rodna Velickovska, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа.
И’ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор!
Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот”, објави Јаневска кој со научни докази потврдува дека македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ.

Фото: ФБ профил А. Јаневска






