Поскапува струјата за третиот и четвртиот блок?!

Прифатливи се сугеститите на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на субвенциите од страна на државата за плаќањето на електричната енергија од страна на државата, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.



Според него, тоа ќе значи дека зголемувањето на цената ќе падне на товар на поголемите корисници – односно на оние кои активно користат електрична енергија од третиот и четвртиот блок.

Ние имавме година во која субвенционирањето на домаќинствата и малите потрошувачи која достигнуваше 80 отсто и тоа е неиздржливо за една мала земја како нашата. Годинава тоа субвенционирање е намалено за некаде 60 отсто и тоа е трендот по кој треба да се движиме, рече вицепремиерот.

Битиќи додава и дека, како што рече, ние на препораката на ММГ за проширување на тарифните блокови ќе одговориме со проширување на третиот и најверојатно на тарифниот блок четири, со тоа што опфатот да биде поголем за тие што трошат повеќе, а за најранливите и оние кои штедат вистински да се задржо истата цена на електрична енергија.