Партијата „Независни Грци“ (АНЕЛ), помалиот коалициски партнер во владата на премиерот Алексис Ципрас , повтори дека нема да прифати ништо што го содржи „грчкиот термин Македонија“
Според зборовите на портпаролката на партијата Независни Грци (АНЕЛ) , Мадалена Пападопулу, тие (паријата АНЕЛ –н.з.) немало да прифатат такво име, „дури и да е напишано на кинески“.
„Терминот Македонија е грчки на кој и јазик да се изговори. Дури и да се каже на кинески, пак е грчки термин и ние не го прифаќаме (тоа име ) за Скопје или изведеници од тоа име“.
Тоа беше одговорот на Пападопулу за грчкото радио „Реал ФМ“ на прашањето дали „Независни Грци“ ќе прифатат предлог за име со терминот ММакедонија“ со македонска транскрипција, пренесуваат денес и бугарски агенции.





