Скандалозни навреди од Ана Чупеска кон ВМРО ДПМНЕ-„десничарите без памет“, противници на уставните измени и кон РМ-„Чмарот на Европа“!

„Македонското граѓанче секогаш ја запоставува својата држава. Денес сме изложени на сериозни психолошки операции против нашата држава и граѓани како дел од хибридните закани. Стремежот да се изолира земјава преку неусвојување на уставните измени и прекинување на преговорите со ЕУ се пресекува преку поттикнување внатрешномакедонски судир и меѓуетнички македонско-албански судир. Имаат ли ум во нивниот десничарски мозок? Десничарскиот екстремизам не е болест на паметот, но е се уште предизвик за психијатријата’. Во ваква сложена глобална безбедносна состојба ние немаме минимум капацитет да разбереме каде сме, што сме и што сакаме!“ – вели Ана Чупеска, доктор по политички науки и професор во Правниот факултет „Јустинијан Први“, но и членка на владината „Комисија за промена на Уставот“, во својата скандалозна колумна со наслов „Психо операции“, која ја објави информативниот портал „Либертас“.



Покрај другото, Чупеска пишува: Ние граѓаниве на нашава земја Папокот на светот” или “Анусот на Европа”, имаме некои многу посебни поларизирачки тенденции и дилеми: Русија или Америка, Европа или БРИКС, СДСМ или ВМРО, Албанци или Македонци; патриоти и предавници. Само црно,  или само бело?! Нема сиво, нема нијанси за нас.“

„Плукачите на комунизмот навиваат за Путин денес.  Довчерашните бугарофили се против Бугарите денес. ‘Борците за дискредитација на Блаже Конески и неговиот придонес во кодификацијата на македонскиот јазик го бранат македонскиот идентитетдо последната капка крв. Зборуваат за обесправен народ?! Кој кого заебава овде? Се знае кој.

Потоа, споменувајќи некакви “конзервативни’ диспозиции и вредности врзани за свеста на поединците, кои така се идентификуваат“, Чупеска посочува на наслов на некој научен труд во смисловен превод на македонски јазик: „Имаат ли ум во нивниот десничарски мозок? Десничарскиот екстремизам не е болест на паметот, но е се уште предизвик за психијатријата“.  Таа не ги споменува директно ВМРО ДПМНЕ како партија и нејзиното членство, но е сосема е јасно кои прашува „имаат ли ум во нивниот десничарски мозок“ и за кого смета дека е „предизвик за психијатријата“. Сосема е јасно кому и зошто му ги упатува тие исклучително тешки навреди оваа професорка-политиколог од Правниот факултет во Скопје.

За да нема дилема во овој поглед веднаш говорат и следниве реченици од колумната на авторката: „Стремежот да се изолира земјава преку неусвојување на уставните измени и прекинување на преговорите со ЕУ се пресекува преку поттикнување внатрешномакедонски судир и меѓуетнички македонско-албански судир. А ние, пустите поларизирани, глупантропи!“

Натаму, Чупеска „констатира“: „Не сум сигурна дека политичарите и медиумите се целосно свесни во каква бездна може да не однесе нивното неодговорно постапување, кое нема никакви допирни точки со државните и општествените придобивки, напротив во голема мера ги зголемува безбедносните ризици, на кои сме изложени.“