Центар за социјални работи фалсификува документи, министерката Тренчовска спие, обвинува адвокатот Јанаки Митровски кој тврди дека директор на установа во Валандово антидатирал печат на службени документи што е кривично дело.
Адвокатот Митровски опишува случај во кој по притисок од јавноста центарот за социјални работи во Валандово носи одлука со која татко може да си го гледа детето но документот со кој тоа се дозволува е со фалсификувани датум за што директорот може да заврши во затвор.
,,По алармирањето на јавноста за игнорантскиот и супер пристрасен однос на Центарот за социјални работи Валандово на 15.11.2023 година, види чудо на мојот властодавец, односно таткото на 16.11.2023 му пристигна решение за видување. Седнале и го искуцале за пет минути она за кое ги молевме повеќе од два месеци.
Од тие причини бидејки е постапено, ќе го известам ОЈО Гевгелија дека не се приклучувам кон кривичен прогон, а како планираат да тераат понатака си е нивно. Но тука лежи и зајакот. Мое убедување е дека решението е куцано набрзина на 15.11.2023 година ОТКАКО јавноста беше алармирана. Но со цел да се исперат и да не биде дека по јавното ругање постапуваат, го антидатирале печатот за 09.11.2023, но со еден мал проблем.
Брзајки се ги утнале печатите. Па така на печатот на самото решение стои дата 09.11.2023 година. На излезниот печат од социјално на самиот плик стои дата 10.11.2023 година додека печатот од пошта е 09.11.2023 година. Од ЦСР Валандово го експедирале по пошта на 10.11.2023 година ама пошта го примила и експедирала на 09.11.2023 година 😀
Ова отвара јасни сомнежи за очевиден криминал односно фалсификување со антидатирање, во кое се сомневам дека учествува директорот на ЦСР, дипломираните правник и социјален работник потпишани на решението како и НН лице од пошта. Од тие причини повторно ќе се обратам до ОЈО Гевгелија со кривична пријава за неколку кривични дела и против повеќе лица.
За сето ова време Министерството за труд и социјала СПИЕ. Неколку пати за повеќе предмети сме алармирале и до Министерството и до самата Министерка (Јована Тренчовска) и џабе, мува не ги лази. Поважно им е да ги зашитат сопартијците отколку да го работат тоа за што се платени од наши пари.
Најтопло препорачувам секому кој се разведува тоа да го строи спогодбено, иако тоа од финансиски аспект мене не ми одговара. Среќен од социјално или задоволен НИКОЈ не излегол”, пишува Митровски.





