Снимка од тепачка која вечерва се случила во Куманово се споделува на социјалните мрежи. Од неа се гледа како две лица излегуваат од бел автомобил и напаѓаат други две лица, кои возат друг автомобил застанат пред нивниот, пренесува Скопје1.мк.
На снимката се слуша постојано изговарање на вулгарни пцовки на албански јазик. Тепачката се случила во централното градско подрачје. Причините засега не се познати.
Засега нема информации и дали било пријавено во МВР.
Страотна тепачка и пцуење во Куманово: го држи стиснат во врата, додека го боксува pic.twitter.com/tstiNwsMgZ
— Skopje1.mk (@Skopje1mk) November 19, 2023






