Претседателот Пендаровски позитивно гледа на можноста да дојде до договор за заеднички претседателски и парламентарни избори со кои државата ќе заштеди околу 15 милиони евра а економијата нема да се мачи со политичките теми предолго време.
Шефот на државата смета дека оваа недела партиите можат да постигнат договор да се оди на заеднички избори, односно претседателските и парламентарните да се одржат заедно.
Својот став Пендаровски го базира на намалените разлики меѓу власта и опозицијата за датумот за одржување на изборите.
Тој вели дека тоа што го слуша укажува на можноста наредниве денови да има и официјална потврда за датум за заеднички избори.
Оваа изјава е причина за целосен оптимизам кај ВМРО-ДПМНЕ, чиј потпретседател Николоски не сака да верува дека за прв пат во независна Македонија една власт ќе оди на избори со одлука за датум без консултација со опозоцијата.
Николоски очекува ако власта сака кредибилни избори да ги имплементира препораките од ОБСЕ и ОДХР за измените на Изборниот законик.
Согласно роковите од уставот и изборниот законик претседателски избори може и бидат најрано на 14 март, а парламентарните до 15 јули.






