Ова го изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, цитиран од Асошиетед прес.
Неговиот коментар сигнализираше дека неговата влада најверојатно ќе ги блокира амбициите на Киев да стане дел од блокот.

Говорејќи на конгресот на неговата националистичка партија Фидес, Орбан посочи дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на преговорите за пристап на Украина во ЕУ.
За прифаќање на нова земја во блокот потребно е едногласно одобрение од сите земји-членки. Сепак, Унгарија може да стави вето.
Наша задача ќе биде да го исправиме погрешното ветување за почеток на преговори со Украина, бидејќи Украина сега е светлосни години далеку од Европската унија, објасни унгарскиот премиер.
ЕК претходно овој месец препорача отворање на пристапните преговори со Украина, велејќи дека владата во Киев покажала извонредно ниво на институционална сила, решителност и способност да функционира. Сепак, според Виктор Орбан, ЕУ не треба да започне преговори за членство со земја која е во војна.






