Османи се спореди со Дон Кихот оти опозицијата не дава поддршка уставните измени

– И затоа, секој што мисли на луѓето, не смее да престане да верува и да се обидува да го отвори тој процес којшто е без алтернатива за сите нас. Но, понекогаш се чувствуваме како Дон Кихот и се бориме против сите неправедности кои се обидуваат да ја кочат државата – рече Османи, ви одговор на новинарско прашање, Османи рече дека почетокот на преговорите е најтешкиот процес и дека тој нема да престане да работи „до последната секунда“, бидејќи „ние немаме алтернатива“.



На прашањето дали очекува поместувања во ставовите на опозицијата, рече дека однесувањето на опозицијата е да мисли само на наредните избори и, како што рече, „додека ни се загрозува иднината.

– Историјата ќе ги казни тие луѓе што ја пропуштаат и ја прокоцкуваат оваа историска шанса пред која се наоѓаме.  Но, ние ќе се бориме до крај за да успееме да направиме исчекор – рече шефот на дипломатијата.