Повик да не се паѓа на удбашките кујни на ДУИ и СДСМ кои треба да кажат дали парите од Блаце завршиле во музејот на УЧК

Не паѓајте на удбашките кујни на ДУИ кои треба да кажат дали парите од Блаце завршиле во музејот на УЧК, предупредува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски откако во јавноста се случува тензија со крстот на Попова Шапка кој е кренат на црковен имот.



Стоилковски бара граѓаните да не потпаѓаат на удбашката кујна на ДУИ затоа што единствени тензии во македонското општеството предизвикуваат криминогените случаи на Соравија, Државна Лотарија, договорите на семејството на Али Ахмети, тендерите за спонзорите на ДУИ, соработниците и семејството Груби, направени со поддршка и знаење на СДС, а сите заедно се богатат на сметка на сиромаштијата на народот.

,,Идат избори, СДС и ДУИ, нема што да понудат освен удбашки сценарија за конфликти преку нивните сателити, на коишто се ловат и политички аналфабети.

Народот не наседнува, бара одговорност за неизградени патишта, урнисана економија, инфлација, енергетска катастрофа, украдени пензии, плати, буџети.

Бујар Османи место да мудрува, подобро да објасни зошто наместо 2 километри автопат кон Косово, парите завршиле можеби во музејот на УЧК каде партиски го слават Али Ахмети. Но, и дали музејот ќе го рани народот и ќе ги задржи младите качени во автобусите од Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево за Германија и Швајцарија?

Бујар Османи, Али Ахмети, Артан Груби, но и Ковачевски и Спасовски да објаснат зошто на телевизорот до сликата на Ахмети во музејот не оди снимка од пожарот на модуларната со пуштен тон ,да се слушаат врисоците? Или од Беса Транс, Ласкарци? Од пораките за виновен кабел, судски процес од почеток, заборавен процес за Беса транс? Затоа што тоа е реалната придобивка од неговото владеење!

И потоа Али да објасни како внукот стигна до Соравија, зетот и друштвото до тендери, а заедно со бандата на Груби до Лотарија, а последниот со хотел на Шапка?

Нека објаснат потоа со СДС заедно до каде е “монденскиот скијачки центар” на Шапка, наместо цело село дивоградби и мотели?

Имаат многу што да објаснуваат, но полесни им се удбашките зафати за креирање нетрпеливост, конфликт, етнички, религиски.

Удбашките зафати не смее по 30 години да бидат модел на политика само за уништување на Македонија!

Македонија била, е и ќе биде држава за сите луѓе.

Не потпаѓајте на удбашката кујна. Уште некој месец, ќе има одговори и одговорност за се и за секого”, пишува Стоилковски откако ДУИ предизвика тензии со крстот во тетовско каде од 300 дивоградби на партијата на Ахмети и пречи само верскиот симбол. ДУИ претходно изгради споменик на УЧК на државно земјиште во Кумановско